• сабота, 23 ноември 2024

Храмот на Посејдон во близина на Атина доби ново осветлување по 20 години

Храмот на Посејдон во близина на Атина доби ново осветлување по 20 години

Атина, 17 септември 2024 (МИА) – Новото, обновено осветлување на храмот на Посејдон, што се наоѓа во Сунио, во близина на Атина, доцна синоќа беше свечено презентирано во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и министерката за култура Лина Мендони, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходното осветлување беше од 2004 година, а од синоќа, храмот стар околу 2.500 години на ’ртот Сунио, што е и една од главните туристички атракции во Атина, доби ново светло, за кое Мицотакис рече дека е „модерен систем за осветлување, кој буквално ќе му овозможи да блесне уште посилно“.

- Отсега натаму, ќе можеме да се восхитуваме на величината на локалитетот од секој агол, без разлика дали го гледаме од море или од копно, рече Мицотакис.

Тој додаде дека храмот на Посејдон, „сега кога е осветлен од зраците на 21 век, изјавува дека Грците можат да постигнат многу, со умереност, со самодоверба, со смелост“. ср/ми/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан