• вторник, 24 декември 2024

Хоџиќ: СДА ќе коалиција со СДСМ на претстојните избори

Хоџиќ: СДА ќе коалиција со СДСМ на претстојните избори
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Странка на демократска акција на Македонија (СДА) денеска објави дека на претстојните локални избори ќе коалицира со СДСМ. Според СДА, новото политичко партнерство претставува зголемување на коалицијата која, како што посочија, носи прогресивни политики добри за сите граѓани. - Пред нас се локалните избори, а СДА како автентична бошњачка партија ќе ја поддржи најдобарата понуда за сите граѓани. Посебно ќе се вклучиме со поддршка во оние места каде што живеат Бошњаците. Врз основа на сработеното во изминатите четири години за бошњачката заедница, новото раководство на СДА нема дилема дека треба да коалиција со СДСМ и политиката на премиерот Зоран Заев, истакна Џелал Хоџиќ, новиот претседател на партијата. Како аргументи кои одат во прилог на одлуката за коалицирање со СДСМ, Хоџиќ меѓу другото    ги наведе воведувањето на редовна настава на босански јазик во образовниот процес, патувањето со лични карти во БиХ, взаемното признавање на возачките дозволи.... - Овие аргументи се силни и можам слободно да кажам дека на локалните избори заедно ќе настапиме со СДСМ, со мирна совест дека тоа е најдоброто за бошњачката заедница. Можам да кажам и дека после локалните избори, со премиерот Заев ќе разговараме за учество и во коалицијата и на државно ниво, со цел да прдоолжи овој позитивен тренд за бошњачката заедница во Република Северна Македонија, рече Хоџиќ на денешната прес-конференција. бак/аа/

Остани поврзан