• понеделник, 23 декември 2024

Хоџа утре ќе ги посети лозарите кои најавија протест во Неготино

Хоџа утре ќе ги посети лозарите кои најавија протест во Неготино
Скопје, 4 септември 2021 (МИА) - Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа Утре во 9 часот заедно со градоначалникот на Неготино ќе заминат на локација старо ФЕМ каде е најавен протест во врска со откупните цени на грозјето. Министерот и градоначалникот сакаат да ги сретнат граѓаните кои ќе се појават на протестот за да ги информираат дека откупната цена на грозјето која лани изнесуваше 6-8 денари, сега изнесува 11-13 денари. Владата ја активираше и дополнителната мерка од +2 денари по килограм, а за изнаоѓање на поволни решенија министерот и надлежните се во постојани консултации со здруженијата и со винариите. Од Министерството за земјоделство брифираат дека ваквиот отворен пристап на разговори со сите засегнати страни без политички и партиски заднини може да донесе само подобро информирање и подобри услови за лозарите. ац/

Остани поврзан