• вторник, 18 март 2025

Хојлунд по завршувањето на гол-сушата: Сакам да продолжам да се подобрувам

Хојлунд по завршувањето на гол-сушата: Сакам да продолжам да се подобрувам

Манчестер, 17 март 2025 (МИА) - Напаѓачот Расмус Хојлунд е гладен за повеќе голови откако вчера постигна гол за Манчестер Јунајтед во победата од 3-0 над Лестер, со што стави крај на неговата тримесечна голгетерска суша.

Напаѓачот (22) имаше неколку разочарувачки периоди на „Олд Трафорд“ откако се приклучи од Аталанта во август 2023 година, што доведе до прашања дали договорот од 64 милиони фунти е оправдан. Парите за тимот од Бергамо би можеле да скокнат дури и до 72 милиони доколку играчот постигне одредени резултати.

До вчера Данецот имаше серија од 21 натпревар без постигнат гол, но сега даде поттик за убедливата победа на избраниците на Рубен Аморим.

-Да, секако дека сум среќен, но не е сè до головите. Јасно е дека сум среќен, постигнав гол и тоа ми дава голема самодоверба. Мислам дека се се сведува на мојата изведба. Јасно е дека не сум на врвот на мојата форма, како што би сакал, и сè уште се адаптираме на нов систем. Но, мислам дека во последно време почнувам да изгледам малку подобро. Но, повторно да кажам - задоволен сум, среќен што постигнав гол и сигурен сум дека сега ќе дојдат уште повеќе“, изјави Скандинавецот за новинарите пред денешниот тимски тренинг.

Хојлунд чувствува се посилна поврзаност со своите соиграчи бидејќи тренерот Аморим прави се што може за да го извлече најдоброто од своите играчи.

„Го гледам ова како добар чекор на патот, но само сакам да продолжам да се подобрувам и да бидам подобар“, рече тој. дс

Фото: Архива

Остани поврзан