• понеделник, 23 декември 2024

Хоти: Четврта по ред изгубена година за капитални инвестиции во Косово

Хоти: Четврта по ред изгубена година за капитални инвестиции во Косово

Приштина, 5 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот премиер и актуелен пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдула Хоти ја критикува Владата поради, како што вели, четвртата по ред изгубена година за капитални инвестиции во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти на својата страница на Фејсбук објави дека во првите девет месеци од годинава, Владата на Албин Курти реализирала само 325 од предвидените 913 милиони евра за капитални инвестиции.

„Исклучително ниската реализација, особено кај некои министерства, ја покажува мрзеливоста и некомпетентноста на министрите, како и неуспехот на премиерот да ја надгледува работата на министрите“, напиша Хоти.

Тој го наведе и процентот на реализација во одделни министерства, а посебно го издвојува Министерството за земјоделство, чија табела на реализирани инвестиции исто така ја објавува.

„ Еве неколку министерства со многу мала реализација: Министерство за индустрија 4%; Министерство за правда 4%; Министерство за финансии 7%; Министерство за земјоделство 7%; Министерство за образование 16%; Министерство за економија 16%; Министерство за здравство 19%; МВР 20%;... Не само што износот на капиталните инвестиции во земјоделството е многу низок, 3,8 милиони евра, туку и тие воопшто не се реализираат“, напиша Хоти.иа/

Остани поврзан