• среда, 27 ноември 2024

Хоти: Нема да разговараме за други теми, освен за признавање

Хоти: Нема да разговараме за други теми, освен за признавање
Вашингтон, 3 септември 2020 (МИА) - Нема да разговараме за други теми освен за признавање, кажа вечерва косовскиот премиер Авдулах Хоти во краткото вклучување за група новинари од Вашингтон, што телевизија „Клан Косова“ го пренесе на Фејсбук. -Нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање, рече Хоти во вклучувањето од Вашингтон. Тој додаде дека е можно да се постигне договор за економски прашања, но истакна дека тоа е само чекор кон конечен договор. -И, тоа е признание, заклучи Хоти во изјавата вечерва, за време на паузата меѓу првата и втората рунда од разговорите во Белата куќа. сд/

Остани поврзан