• сабота, 23 ноември 2024

Хоти : Курти и Османи прифатиле српска автономија во Косово, ако не е точно нека демантираат

Хоти : Курти и Османи прифатиле српска автономија во Косово, ако не е точно нека демантираат

Приштина, 6 ноември 2023 (МИА) – Поранешниот премиер на Косово, Авдула Хоти сподели текст на американската ТВ Фокс њуз, во кој се вели дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината последна посета на Косово и Србија, побарала „де факто признавање“ на косовската независност од страна на Србија и автономија за Србите во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Формирањето на автономија на териториите населени со мнозинско етничко српско население во Косово, пишува Хоти, го прифатиле премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи на средбата со Фон дер Лајен пред неколку дена, пишува Хоти на неговата страница на Фејсбук, барајќи демант од премиерот и претседателлстс доколку тоа не е вистина.

- Ако не е точно тоа што го кажа г. Урсула фон дер Лајен, премиерот и претседателката мора веднаш да го демантираат тоа. Ваша обврска е, излезете и објаснете им на граѓаните, напиша Хоти.

На објавата, актулениот пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово го прикачи линкот до целосната вест на Фокс њуз и го сподели делот каде што Фон дер Лајен се наведува дека ја споменала автономијата на Србите.

Фон дер Лајен рече дека Србија де факто треба да го признае Косово како независна држава и Косово да дозволи автономија на етничките Срби на косовскиот север, каде што тие го сочинуваат мнозинството. Ова ефикасно ќе ги исполни претходните обврски што Србија и Косово ги преговараа претходно оваа година, но има малку знаци дека секоја од страните всушност има намера да ги исполни, цитира Хоти дел од извештајот на американскиот медиум. иа/сд/

Остани поврзан