• понеделник, 16 декември 2024

Хоспитализиран поранешниот полски претседател Лех Валенса поради тешка форма на Ковид

Хоспитализиран поранешниот полски претседател Лех Валенса поради тешка форма на Ковид

Варшава, 5 декември 2023 (МИА) - Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валенса е префрлен во болница поради тешка форма на Ковид-19, изјави денеска негов соработник.

Објавата на Фејсбук страницата на Валенса покажа слика од него во кревет со маска за кислород, со натпис „Имам Ковид“.

Неговиот соработник Марек Качмар за полските медиуми изјави дека Валенса (80) е тешко болен, но е под добра нега во болницата во Гдањск, балтичкото пристаниште каде што живее.

Ова е втор пат Валенса да има ковид.

Во 1988 година Валенса го предводеше продемократското движење Солидарност што доведе до мирно соборување на комунизмот во Полска девет години подоцна и ги инспирираше другите земји да се отцепат од доминацијата на Москва.

Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1983 година. Во 1990-1995 година, Валенса беше првиот избран претседател на демократска Полска. ссм/

 

Остани поврзан