• среда, 25 декември 2024

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит
Софија, 5 септември 2022 (МИА) - Канцеларијата на Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека поради влошување на неговите хронични болести, неговата светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит е примен на дијагноза и лекување во болницата „Софијамед“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението се повикуваат свештениците, епископите и верниците во Бугарија да се молат за брзо заздравување на неговата светост, како и да ги прифатат како веродостојни информациите објавени само од Светиот синод на Бугарската православна црква - Бугарска Патријаршија. Неофит за поглавар на Бугарската православна црква беше избран на 24 февруари 2013 година, претходно беше митрополит на Русе, а за време на расколот беше главен секретар на Светиот синод. нк/ми/

Остани поврзан