• среда, 28 август 2024

Хорфорд и Меколум донираа 670.000 долари за најзагрозените од Ковид-19

Хорфорд и Меколум донираа 670.000 долари за најзагрозените од Ковид-19
Филаделфија, 2 април 2020 (МИА) - Ал Хорфорд кој моментно е член на Филаделфија, донираше 500.000 долари за неговата родна Доминиканска Република, но и за сите делови во САД во кој настапуваше во досегашната кариера - Филаделфија, Атланта и Бостон.
Си Џеј Меколум, 28-годишниот бек на Портланд донира 170.000 долари за локалните заедници во Портланд, сојузна држава Орегон, и родниот Кентон во Охајо. Со средствата ќе бидат приготвени 400.000 оброци за семејства во тие градови. сѓд/

Остани поврзан