• четврток, 17 октомври 2024

Хортикултурно е уреден Реонски центар во Аеродром

Хортикултурно е уреден Реонски центар во Аеродром
Скопје, 30 април 2020 (МИА) - Хорикултурно е уреден просторот во Реонскиот центар во Аеродром и изграден е нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, соопшти денеска Општина Аеродром. -Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром ја претставија поубавата страна на Аеродром. Имено, некогашниот неуреден простор во Реонски центар денес доби нов лик. Разубавен и хортикултурно уреден, информираат општинските власти. Оттаму посочуваат дека во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ изграден е нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, а постојното детско игралиште е реновирано со нова подлога и реквизити.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан