• вторник, 27 август 2024

Хорнер: На Верстапен ќе му биде многу тешко да го победи Норис доколку Ред Бул не најде решение за проблемите

Хорнер: На Верстапен ќе му биде многу тешко да го победи Норис доколку Ред Бул не најде решение за проблемите

Зандворт, 26 август 2024 (МИА) - Директорот на тимот Кристијан Хорнер предупреди дека на Макс Верстапен ќе му биде „многу тешко“ да го запре Ландо Норис во трката за светската титула во Формула 1 доколку Ред Бул не може да најде одговор за извонредниот напредок на Мекларен.

Норис го победи Верстапен за повеќе од 20 секунди на трката за ГН на Холандија, а возачот на Ред Бул нема победа два месеци. Светскиот шампион има 70 бода предност на врвот на табелата кај возачите, откако во првите десет трки победи седум пати.

-Ако работите изгледаат вака во преостанатите девет трки, тогаш ќе биде многу тешко за Верстапен да ја освои титулата, изјави Хорнер пред Големата награда на Италија во Монца.

Според него, тимот имал многу среќа што Мекларен не биле на толку високо ниво на почетокот на годината. 

-Успеавме да поведеме со разлика, но таа се топи доста брзо. На последните трки тие го имаат дефинитивно побрзиот болид и ние јасно да сфаќаме дека треба да најдеме начин да одговориме на тоа. Не е толку комплицирано како квантната физика, но во исто време, ништо не се поправа со волшебно стапче. Поентата е да разбереме што е проблемот, да го решиме и да го исправиме, додаде директорот на Ред Бул. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан