• понеделник, 23 декември 2024

„Хонда“ и „Џенерал моторс“ најавија такси-услуги без возач во Јапонија

„Хонда“ и „Џенерал моторс“ најавија такси-услуги без возач во Јапонија

Токио, 19 октомври 2023 (МИА) - Јапонската компанија „Хонда“ и „Џенерал моторс“ од САД денеска објавија дека планираат нови такси-услуги без возач во Токио во 2026 година. Тоа, велат, „ќе помогне во справувањето со недостигот на работна сила“ во „Земјата на изгрејсонето“.

Развиен во соработка со операторот за самоуправувачки автомобили - „Круз“, со седиште во Сан Франциско, САД, проектот ќе нуди „целосно нов вид на искуство во движењето“ во Јапонија... Потфатот исто така има за цел „да помогне во решавањето на општествените проблеми со коишто се соочува оваа далекуисточна земја, како што е недостигот на возачи на такси и на автобуси“, истакнуаат од „Хонда“.

- Ова ќе биде голем чекор кон остварување понапреден сообраќај во општество, изјави главниот извршен директор Тошихиро Мибе.

Јапонската Влада го поттикнува развојот на самоуправувачките возила додека земјата се бори со брзо стареење на населението и постојаниот недостиг на работна сила. Во 2020 година, Јапонија стана првата земја во светот што дозволи возило способно да преземе целосна контрола во одредени случаи - да сообраќа на јавни патишта.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан