Хоман: Завршува операцијата на ИЦЕ во Минесота
- пецијалниот претставник на американскиот претседател за гранична безбедност Том Хоман објави крај на големите имиграциски операции во сојузната држава Минесота
Вашингтон, 12 февруари 2026 (МИА) – Специјалниот претставник на американскиот претседател за гранична безбедност Том Хоман објави крај на големите имиграциски операции во сојузната држава Минесота.
Тој истакна дека Доналд Трамп го одобрил неговото барање за завршување на операциите на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ).
- Ќе останам во Минесота уште некое време за да го надгледувам повлекувањето на силите и да се осигурам дека тоа ќе биде успешно, посочи Хоман.
Тој наведе дека помал број на персонал на ИЦЕ ќе остане извесно време за да се заврши операцијата и целосно да се вратат овластувањата на теренската канцеларија.
Хоман посочи дека откако биле уапсени 4.000 илегални имигранти Минесота е побезбедна и не е „рај за криминалците“.
Неодамна повеќе од 2.000 припадници на ИЦЕ беа распоредени во Минесота. Но, тензиите и протестите почнаа откако федералните агенти убија две лица минатиот месец. ми/
фото: ЕПА