• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Холандски полицаец ранет во акција против организиран криминал

Холандски полицаец ранет во акција против организиран криминал

Хаг, 27 март 2025 (МИА) - Холандски полицаец беше ранет во престрелка за време на координирана европска полициска операција во Мастрихт, јави ДПА.

Во акцијата учествуваа стотици полицајци од Германија и четири други европски држави, при што беа уапсени 13 лица. Германската полиција ја предводеше операцијата, која беше насочена кон објекти во Северна Рајна-Вестфалија, но и во Белгија, Холандија, Полска и Шпанија. Полицијата изврши претреси во 32 станбени и деловни простории.

Според германските органи за борба против организираниот криминал, осомничениот за нападот врз полицаецот во Мастрихт е приведен, а повредениот службеник е во стабилна состојба со лесни повреди.ссм/

фото: архива

Остани поврзан