• вторник, 24 декември 2024

Холандскиот министер за надворешни работи застана во одбрана на активистот кој го искина Куранот во Хаг

Холандскиот министер за надворешни работи застана во одбрана на активистот кој го искина Куранот во Хаг

Хаг, 24 јануари 2023 (МИА) - Слободата на изразување е важна вредност и се однесува и за непријатни мислења. Ова денеска го изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра, коментирајќи ги постапките на активистот кој го искина Куранот пред зградата на националниот парламент, објави холандската радиодифузна корпорација.

Министерот нагласи дека ја разбира провокативната и навредливата страна на ваквите постапки. Сепак, според него, слободата на изразување е важна вредност. - Таа слобода важи и за несоодветните мислења, рече Хукстра.

На 22 јануари, лидерот на антиисламското движење „Пегида“ Едвин Вагенсвелд организираше митинг пред парламентот, каде што го искина Куранот. Тој ја опиша својата постапка како слобода на изразување што треба да се дозволи во земјата.

Акцијата помина во голема мера незабележана во Холандија, но веста за чинот брзо се прошири на социјалните мрежи во Турција.

Амбасадорот на Холандија во Турција денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи во Анкара, каде што му беше изразен протест во врска со кинењето на копијата на Куранот на протестот во Хаг. ссм/

Остани поврзан