• среда, 27 ноември 2024

Холандскиот амбасадор најави посета на премиерот Марк Руте на нашата земја

Холандскиот амбасадор најави посета на премиерот Марк Руте на нашата земја

Тетово, 5 ноември 2021 (МИА) - Северна Македонија за прв пат ќе биде посетена од премиерот на Холандија, Марк Руте, најави холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп. Тој денеска беше во тетовско Прељубиште, каде има компанија со холански капитал, а беше одржана пригодна манифестација по повод денот на претприемништвото кој се одбележува во Кралството Холандија.

- Добрата вест, ова за првпат го кажувам во оваа земја, и ова време би требало да биде исто така објавено и во Кралството Холандија, за првпат во историјата на Северна Македонија нашиот премиер Марк Руте ќе  ја посети земјава. Тој ќе биде во Северна Македонија наредната среда, 10 ноември и ќе биде примен од премиерот на Северна Македонија, изјави амбасадорот.

На новинарско барање за коментар за поднесената оставка на премиерот Зоран Заев, амбасадорот рече дека сака да се осврне на изјавата која што била дадена од Брисел во име на сите земји членки на ЕУ.

- Вели дека ЕУ е запознаена со најавата за оставка на премиерот и дека е многу битно да се остане на патот на реформите, да се продолжат реформите, рече амбасадорот Дирк Јан Коп.ас/фф/

Остани поврзан