• понеделник, 23 декември 2024

Холандија ќе обезбеди дополнителни четири милиони евра помош за Либан

Холандија ќе обезбеди дополнителни четири милиони евра помош за Либан

Хаг, 9 октомври 2024 (МИА) - Холандија ќе обезбеди дополнителни средства од четири милиони евра за хуманитарна помош во Либан. Ова го соопшти за време на дебатите во Претставничкиот дом, министерката за надворешна трговија и развојна соработка, Реинте Клевер, цитирана од Националната новинска агенција на Холандија.

Средствата се наменети за храна, засолниште и медицински материјали за либанското население, од кое голем дел е раселено. Помошта мора да стигне до луѓето во Либан преку партнерите на теренот.

„Оваа поддршка е како дополнение на тоа што веќе го правиме преку меѓународните организации“, нагласи Клевер.

Преку таканареченото флексибилно финансирање, 10 милиони евра холандски средства веќе отидоа за поддршка на Либан преку организациите на ОН и Црвениот крст.

Министерката ја нарече ситуацијата во Либан „алармантна“.

„Важно е да се види деескалација на конфликтот“, повика Клевер и додаде дека холандската Влада го поддржува апелот на ОН за привремен прекин на огнот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан