• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хокеарките на САД го освоија трофејот на СП 2025

Хокеарките на САД го освоија трофејот на СП 2025

Чешке Будејовице, 21 април 2025 (МИА) – Женската хокеарска репрезентација на САД го освои трофејот на Светскиот шампионат во хокеј на мраз.

Американките беа најуспешни на Мундијалот 2025 во Чешка. Тие синоќа во финалето по продолженија ги победија противничките од Канада со резултат 4:3. 

Бронзените медали и припаднаа на селекцијата на Финска, која во мечот за третото место ја совлада селекцијата на Чешка исто така по продолжение со 4:3.

Тимот на САД по 11-ти пат го освои Светското првенство за жени. Последен пат американската женски хокеарска репрезентација го освои СП во 2023 година. зс/

Фото: Фејсбук „Hockey Canada“

Остани поврзан