• среда, 27 ноември 2024

Хил: Потребно е Србија да се усогласи со ЕУ за санкциите кон Русија

Хил: Потребно е Србија да се усогласи со ЕУ за санкциите кон Русија

Белград, 9 март 2023 (МИА) - Неопходно е Србија, која е на европскиот пат, да се усогласи со политиката на Европската унија (ЕУ) во однос на санкциите кон Русија, изјави денеска американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.

-Јас никогаш нема да го употребам зборот Србија „мора“, туку тоа што го велам е, имајќи предвид дека Србија е на европскиот пат и сите знаеме дека тоа е патот кон ЕУ и дека порано или подоцна ќе стигне таму , неопходно е да се усогласи со политиката на таа унија, рече амбасадорот.

Хил им порача и на новинарите во Белград дека е потребно, доколку Србија треба да проголта некое горчливо апче, најдобро е тоа веднаш да го направи.

-Со оглед на тоа што речиси сите земји во Европа сфатија дека на Русија не може да и се дозволи да продолжи да прави работи како ова што му ги прави на својот сосед (Украина), очекуваме дека Србија, исто така, ќе се приклучи на заедницата на народи (ЕУ) кои тоа го разбраа на време, рече тој. сд/

Остани поврзан