• сабота, 23 ноември 2024

Хил: Дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се забрза

Хил: Дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се забрза

Белград, 4 мај 2023 (МИА) - Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил излезе со оценката дека мора да се забрза дијалогот меѓу Белград и Приштина и што поскоро да се реши српско-косовското прашање.

-Тоа е едно од најважните прашања во регионот што мора да се реши. Тоа е тешко прашање, а тонот меѓу двете страни не е добар. Дијалогот мора да се забрза, изјави Хил во Скопје, пренесен од Гласот на Америка. 

Американскиот амбасадор, кој вчера учествуваше на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешните настани во земјите од Западен Балкан“, кажа  дека има свој став за тоа како треба да се направат овие работи, но дека навистина ги почитува луѓето кои го водат процесот.

-Жосеп Борел, Мирослав Лајчак, нашиот човек Ескобар, даваат се што можат, но тоа е многу тешко прашање поврзано со историјата, со војната. Не е лесно, но тие мора да го направат тоа, изјави американскиот амбасадор во Србија.

Хил смета дека основањето на Заедницата на српски општини и признавањето на косовските документи се главните отворени прашања во тој процес, но и покрај очигледните потешкотии во дијалогот, вели дека е оптимист бидејќи барем има разговори меѓу двете страни. сд/

 

Остани поврзан