• среда, 27 ноември 2024

Хејнс: Надворешни сили се обидуваат да влијаат врз американските претседателски избори

Хејнс: Надворешни сили се обидуваат да влијаат врз американските претседателски избори

Вашингтон, 16 мај 2024 (МИА) – Има сè поголем број странски актери, вклучително и недржавни актери, кои сакаат да влијаат на изборите во САД, а Русија, Кина и Иран се најзначајни, рече директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот.

- Русија особено останува најактивната надворешна закана за нашите избори. Целите на руската Влада во таквите операции на влијание обично вклучуваат поткопување на довербата во американските демократски институции, што ги влошува поделбите во САД и намалената поддршка на Западот за Украина, посочи Хејнс.

Таа додаде дека напорите на американската администрација да обезбеди избори се значително подобрени од претседателските избори во 2016 година и верува дека Владата никогаш не била подобро подготвена.

Конгресните комисии почнаа да ги испитуваат доказите за странските напори, особено руските да влијаат врз американското јавно мислење, откако американските разузнавачки агенции заклучија дека субјекти поддржани од Кремљ се обидуваа да му помогнат на републиканецот Доналд Трамп да ја освои Белата куќа во 2016 година. Москва негираше вмешаност.

Вчерашното сослушување беше прва јавна расправа на Комисијата на тема изборниот циклус во САД во 2024 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан