• петок, 05 декември 2025

Хен: Направивме помалку грешки отколку на минатиот натпревар со Италија

Хен: Направивме помалку грешки отколку на минатиот натпревар со Италија

Талин, 12 октомври 2025 (МИА) - Селекторот на Естонија, Јирген Хен е задоволен од играта на неговите избраници на натпреварот со Италија синоќа во Талин и покрај поразот од 3:1 во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026.

- Севкупно, направивме помалку грешки отколку во последниот натпревар против Италија. Иако првично ја губевме топката дури и побрзо отколку што тоа беше на гостински терен. Во второто полувреме излеговме со пет дефанзивци наместо со четири. Размислував за овој план веќе некое време и ми се чинеше дека е вистинскиот момент да го испробам. Сепак, не треба премногу често да ја менуваме тактиката, во спротивно играчите ќе го изгубат ритамот и стабилноста. Мислам дека замените направија позитивна разлика во играта. Ја подобривме контролата на топката, рече Хен на прес-конференцијата по натпреварот.

Италија ја обезбеди третата последователна победа под водство на Џенаро Гатузо и е втора во Група И со 12 бода од пет натпревари. Естонија е четврта со три бода од шест натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан