• среда, 25 декември 2024

Хендерсон може да го пропушти Европското првенство поради повреда

Хендерсон може да го пропушти Европското првенство поради повреда
Лондон, 25 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон, може да го пропушти Европското првенство 2020 што е поместено за годинава, објави „Атлетик“. Триесетгодишниот Англичанец се здоби со повреда на препоните на 20 февруари на мечот против Евертон (0:2). Се известува дека закрепнувањето може да трае од 6 до 12 недели. Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 12 јули. Англискиот состав во групната фаза ќе се соочи со Хрватска, Чешка и Шкотска. Хендерсон оваа сезона одигра 28 натпревари на сите турнири, постигна еден гол и направи една асистенција. зс/

Остани поврзан