Хезболах очекува договорот меѓу САД и Иран да го опфати и Либан
- Либанското проиранско движење Хезболах изрази уверување дека евентуалниот договор меѓу САД и Иран ќе содржи и одредби за Либан.
Бејрут, 12 јуни 2026 (МИА) – Либанското проиранско движење Хезболах изрази уверување дека евентуалниот договор меѓу САД и Иран ќе содржи и одредби за Либан.
Хезболах се вклучи во регионалниот конфликт на 2 март, како поддршка на Иран, отворајќи оган кон Израел, што доведе до израелска офанзива во Либан.
Иранските претставници повеќепати нагласија дека поширокото спогодбено решение мора да вклучи и договор за прекин на борбите во Либан.
- Имаме целосна доверба во Исламската Република и веруваме дека таа ќе инсистира на договор што ќе го опфати Либан - изјави функционерот на движењето, Хасан Фадлала за телевизијата „Ал Манар“.
Израелските сили окупираа делови од Јужен Либан, а либанската новинска агенција ННА денеска извести за нови израелски воздушни напади врз градови и села во земјата.
Војната во Либан продолжува и покрај неколкуте примирја прогласени од САД, кои посредуваат меѓу владите на Либан и на Израел.
Хезболах не учествува во преговорите со Израел и бара либанската влада да се повлече од нив. ссм/
фото: архива