• четврток, 26 декември 2024

Хезболах му се закани на Израел: Ќе добијат шлаканица доколку го прошират конфликтот

Хезболах му се закани на Израел: Ќе добијат шлаканица доколку го прошират конфликтот

Бејрут, 20 јануари 2024 (МИА) - Високиот функционер на Хезболах, Наим Касем, предупреди дека Израел ќе претрпи тешки последици доколку го прошири конфликтот долж границата меѓу Либан и Израел.

-Доколку Израел одлучи да ја прошири својата агресија, ќе добие вистинска шлаканица како одговор, изјави претставникот на либанската милитантна група поддржана од Иран.

Според него, секое враќање на стабилноста на границата зависи од „престанокот на агресијата во Газа“, пишува „Тајмс оф Израел“.

-Непријателот мора да знае дека Хезболах е подготвен, дека се подготвуваме според принципот дека може да се случи бескрајна агресија, исто како што нашата волја да ја потиснеме агресијата е бесконечна, предупреди Касем.

фото:МИА архива

Остани поврзан