• сабота, 23 ноември 2024

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел

Бејрут, 5 октомври 2024 (МИА) - Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад.

Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се ангажирани во гаснење на пожарите во близина на градот Рош Пина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан