• четврток, 29 август 2024

Хајдај: Ако Украина добие западно оружје со долг дострел, Русија ќе изгуби од Западот

Хајдај: Ако Украина добие западно оружје со долг дострел, Русија ќе изгуби од Западот
Киев, 9 јуни 2022 (МИА) - Гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Хајдај смета дека, доколку Западот ги обезбеди со артилерија со долг дострел, Украина ќе ја има потребната огнена моќ за да ги потисне руските сили. Според Хајдај, доколку Украина го добие западното оружје со долг дострел, Русија ќе „изгуби од Западот, а нашите бранители ќе бидат способни да го исчистат Северодоњецк за два или три дена“. Тој додаде дека „тишината во Северодоњецк трае само додека се полни оружјето“. Евакуација од градот е „сè уште невозможна“. бд/сд/

Остани поврзан