• недела, 28 јули 2024

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс
Лос Анџелес, 11 декември 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Харисон Форд уште еднаш се враќа во улогата на Индијана Џонс. Тоа ќе биде петтиот и, најверојатно - последниот филм од серијалот. „Дизни“ најави и нови одграноци на познатиот серијал „Војна на ѕвездите“ и соработка со „Марвел“. „Индијана Џонс 5“ ќе биде прикажан во јули 2022 година. Форд (78) по петти и последен пат ќе го глуми легендарниот филмски авантурист-археолог. Режисер на филмот е Џејмс Манголд, a сценариото е на Џонатан Каздан. си/ми/

Остани поврзан