• вторник, 24 декември 2024

Хан: Очекувам кандидатски статус за Украина и Молдавија на следниот самит на ЕУ

Хан: Очекувам кандидатски статус за Украина и Молдавија на следниот самит на ЕУ

Брисел, 22 јуни 2022 (МИА) - Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан очекува на следниот самит на ЕУ официјално да им биде даден статус кандидати на Украина  и на Молдавија.  

Тој изрази надеж дека Бугарија ќе се откаже од ветото за почеток на пристапни преговори со Скопје и со Тирана.

Хан апелираше до бугарската влада да го укине ветото за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

- Доколку Бугарија го укине ветото, тоа може да предизвика позитивна динамика во дијалогот меѓу Белград и Приштина и во БиХ, истакна Хан. 

Тој посочи дека е важно Украина и Молдавија да се третираат еднакво, потсетувајќи дека Молдавија по глава на жител примила најголем број украински бегалци. Исто така, рече дека ќе поздрави двете земји да добијат кандидатски статус.

Што се однесува до Грузија, тој очекува на самитот да добие „европска перспектива“.

Поранешниот комесар за проширување ја поздрави и посветеноста на Австрија, земјата од која доаѓа, на пристапната перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Се надевам дека ќе го искористиме овој момент“, рече Хан. паг/

Остани поврзан