• сабота, 28 декември 2024

„Хамлет“ од Битола, победник на 51. ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

„Хамлет“ од Битола, победник на 51. ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

Белград, 19 јуни 2024 (МИА) - Жирито на 51. Интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар-ИНФАНТ во Нови Сад, составено од актерката Јована Балашевиќ, сценографот Јелена Радовиќ и актерот Милован Филиповиќ, едногласно ја прогласи претставата „Хамлет -денот на убиството“ во изведба на Народниот театар од Битола, за најдобра претставана 51. ИНФАНТ фестивал, јави дописникот на МИА од Белград.

Својата едногласна одлука жирито при доделувањето на наградата - статуетка изработена од академскиот скулптор Александар Бунчиќ ја образложи со следните зборови: Едноставност и прецизност на режисерската постапка, изедначена и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативно, концизно и конкретено.

Сето тоа го прави битолски Хамлет комплетна и вредна претстава, а во духот на најдобрата традиција на овој фестивал.

Во претставата по текст на Колтес во режија на Марјан Неќак играат актерите Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Овогодинешната театарска ревија, која беше во избор на режисерот Александар Поповски, собра претстави од регионот со цел да ги прикаже аспирациите и движењата на алтернативната и современа театарска продукција во овој дел од Европа.

На 51 ИНФАНАТ беа изведени претставите „Сирано“ на Југословенскиот драмски театар, претставата „Хамлет - денот на убиството“ на Народниот театар од Битола и претставата „Збиља“ во изведба на Хрватскиот народен театар од Загреб.об/бт/

Фото: ИНФАНТ фестивал

Остани поврзан