• понеделник, 23 декември 2024

Хамилтон стана најстариот победник во 21 век и го собори рекордот на Раиконен за интервал помеѓу првата и последната освоена трка

Хамилтон стана најстариот победник во 21 век и го собори рекордот на Раиконен за интервал помеѓу првата и последната освоена трка

Лондон, 8 јули 2024 (МИА) – Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, собори голем број рекорди со вчерашната победата на Силверстоун.

По Британското Гран при, Луис Хамилтон стана најстариот победник на Формула 1 трка во 21 век (39 години и шест месеци), надминувајќи го достигнувањето на Кими Раиконен (39 години и 4 дена), поставено во 2018 година.

Пилотот на Мерцедес го собори и рекордот за интервал помеѓу првата и последната победа - 17 години и 27 дена. Луис победи за прв пат во својата дебитантска сезона, на Гран при на Канада во 2007 година. Досегашниот рекорд го држеше Раиконен (15 години, 6 месеци и 28 дена).

Хамилтон победи на трката во неговиот 344-ти старт во Ф1 - првпат некој да заврши на највисокото скалило на подиумот по 300 ГП.

Покрај тоа, седумкратниот светски шампион ги подобри рекордите во Ф1 за победи (104) и подиуми (199). Луис 12-ти пат по ред заврши во топ 3 на Силверстоун, а вкупно на оваа патека заработи девет победи и 15 места на подиумот - и тоа се рекорди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан