Хамилтон: Се гледам со Мерцедес до последните денови од мојот живот, како Стирлинг Мос
- Луис Хамилтон сака да ги следи стапките на Сер Стирлинг Мос. Четирикратниот вицешампион во Ф1 и веројатно најголемиот возач во историјата, кој нема титула, беше амбасадор на Мерцедес и остана поврзан со германската марка до неговата смрт во 2020 година.
Лондон, 17 април 2023 (МИА) - Луис Хамилтон сака да ги следи стапките на Сер Стирлинг Мос. Четирикратниот вицешампион во Ф1 и веројатно најголемиот возач во историјата, кој нема титула, беше амбасадор на Мерцедес и остана поврзан со германската марка до неговата смрт во 2020 година.
-Иднина со Мерцедес? Имам неверојатни чувства. Сè уште се чувствувам навистина како дома. Да бидам искрен, се гледам со Мерцедес до последните денови од мојот живот. Погледнете ги легендите. Сер Стирлинг Мос беше со Мерцедес до последните денови од животот. Би било сон да продолжиме, да продолжиме да го градиме брендот, рече Хамилтон.
Седумкратниот светски шампион зборуваше и за задржување на тркачкото столче во Мерцедес.
- Сакам да останам, сакам да му помогнам на тимот, да го придвижам напред и да придонесувам додека можам. Ако дојде момент кога тоа не успева, тогаш некој млад ќе го заземе моето место. Но, се чувствувам доволно млад, во пристојна форма сум, Хамилтон.
Во моментов Хамилтон е четврти во Генералниот поредок во Формула 1 шампионатот со 38 бодови. зс/
Фото: ЕПА