• вторник, 24 декември 2024

Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза

Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза
Лондон, 10 мај 2021 (МИА) – Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза. Седумкратниот светски шампион на 8 февруари потпиша едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1. -Не сакаме да брзаме, но мислам дека мораме да бидеме разумни и да започнеме разговори. Тоа се официјални разговори и се надевам дека наскоро ќе ги започнеме, сè додека тоа не ја попречува работата која ја работиме, изјави Хамилтон. Британскиот возач вчера победи на трката за Големата награда на Шпанија и стигна до третиот триумф во четвртата трка во новата сезона. ег/

Остани поврзан