• среда, 27 ноември 2024

Хамас започна процес на консултации за избор на нов лидер

Хамас започна процес на консултации за избор на нов лидер

Газа, 4 август 2024 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас, која управува со Појасот Газа, синоќа соопшти дека почнала „широк процес на консултации“ за избор на нов лидер на движењето, по убиството на Исмаил Ханија, пренесуваат британските медиуми.

Порталот Њуараб  пренесува дека се разговара за неколку потенцијални наследници, а меѓу нив најистакнат е Калед Мешал, кој беше беше лидер на групата пред 2017 година.

Втор потенцијален кандидат за раководство на Хамас е Халил Ал Хаја, кој е на позицијата заменик лидер на регионалното политичко биро на Хамас во Газа, а претходно имаше клучна улога во преговорите за прекин на израелскиот напад врз Газа во 2014 година.

Порталот го споменува и Муса Абу Марзук, кој е едно од најпознатите лица на Хамас и кој беше заменик-претседател на политичкото биро на Хамас од 1997 до 2014 година, а пред тоа живееше 14 години во САД.

Ханија беше убиен во средата во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел.

Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан