• петок, 21 февруари 2025

Хамас го обвини Израел за сериозно прекршување на примирјето по смртоносниот напад утринава

Хамас го обвини Израел за сериозно прекршување на примирјето по смртоносниот напад утринава

Газа, 16 февруари 2025 (МИА) - Палестинското движење Хамас денеска го обвини Израел дека извршил сериозно прекршување на примирјето во Појасот Газа, по воздушен напад во кој утринава загинаа тројца полицајци на југот на палестинската територија.

„Перфидното бомбардирање извршено утринава од ционистички дрон источно од Рафа, насочено кон полицајци одговорни за обезбедување влез на (хуманитарна) помош, се смета за сериозно кршење на договорот за прекин на огнот“, се вели во соопштението на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, денеска се закани дека ќе ги отвори „портите на пеколот во Појасот Газа“ доколку не бидат ослободени сите заложници. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан