• понеделник, 23 декември 2024

Хамас ги повика арапските и муслиманските земји да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“

Хамас ги повика арапските и муслиманските земји да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“

Каиро, 12 ноември 2024 (МИА) - Палестинското исламистичко движење „Хамас“ ги повика вчера арапските и муслиманските земји да ги исполнат изјавите дадени истиот ден на нивниот самит во Ријад и да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“.

-Потврдувањето на националните права на нашиот народ, од кои првото е формирање на независна палестинска држава со главен град Ерусалим, бара итни напори и практични решенија за да се принуди (Израел) да ја запре својата агресија и геноцид врз нашиот народ, рече Хамас.

„Палестинскиот народ чека од своите браќа во земјите на Лигата на арапските држави и Организацијата за исламска соработка за итна примена во пракса на одлуките донесени денеска, како и активирање на сите расположливи инструменти за ставање крај на израелската агресија во Газа“, се вели во соопштението на групата.

„Хамас“ изразува и надеж дека земјите од арапските и муслиманските земји ќе можат „да им пружат помош на жителите на Газа за ставање крај на блокадата на енклавата“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан