• среда, 27 ноември 2024

Хамас вели дека нема понатамошни преговори за заложници бидејќи војната во Газа продолжи

Хамас вели дека нема понатамошни преговори за заложници бидејќи војната во Газа продолжи

Тел Авив/Бејрут, 2 декември 2023 (МИА) – Хамас соопшти дека ќе ги продолжи преговорите за ослободување на нови заложници само по завршувањето на војната во Газа, пренесе ДПА.

Салех ал-Арури, лидер на Хамас, денеска изјави дека меѓу преостанатите заложници има само мажи кои служеле во армијата и војници.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, пак, изјави дека меѓу заложниците кои ги држи Хамас се уште има 15 жени и две деца.

Минатата недела, Израел и Хамас за првпат се согласија на прекин на огнот, со посредство на Катар, Египет и САД, кој накратко беше продолжен двапати. За тоа време Хамас ослободи 105 заложници, а Израел за возврат ослободи 240 палестински затвореници.

Израелската армија изминатиот викенд извести шест израелски семејства на заложници дека нивните роднини повеќе не се живи.

Според извештаи во медиумите, десетици илјади демонстранти се собраа во вечерва во израелската крајбрежна метропола Тел Авив и побараа итно ослободување на сите заложници во Појасот Газа. Израел претпоставува дека вкупно 137 заложници се уште се држат во крајбрежниот појас.

Остани поврзан