• сабота, 06 декември 2025

Хамас бара лидер на бедуински клан да се предаде, го обвинува за велепредавство

Хамас бара лидер на бедуински клан да се предаде, го обвинува за велепредавство

Газа, 2 јуни 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во Појасот Газа, под контрола на Хамас, му нареди денеска на водачот на вооружен бедуински клан кој се спротивставува на владеењето на групата, да се предаде и да се соочи со обвиненија за велепредавство.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена од т.н. „револуционерен суд“. Станува збор за Јасер Абу Шахаб, кој не ја признава власта на Хамас и ги обвинува за штета врз интересите на Газа. Тој има рок од 10 дена да се предаде.

Судот ги повика жителите да ги известат безбедносните органи на Хамас за неговата локација. Засега нема реакција од страна на кланот на Абу Шахаб во врска со наредбата.

Хамас го обвинува Абу Шахаб дека крадел хуманитарна помош од ОН и дека соработувал со Израел. Организацијата на Абу Шахаб негира каква било поврзаност со Израел и вели дека само ја заштитувала хуманитарната помош од грабежи. Тие го обвинуваат Хамас за насилство и задушување на неистомислениците.

Израел претходно потврди дека поддржал некои кланови во Газа против Хамас, но не откри кои точно. ссм/

фото: архива

Остани поврзан