Халеп: Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам
- Романската тенисерка Симона Халеп зборуваше за тешкотиите со кои се соочува откако се врати на тенисот по деветмесечната суспензија поради допинг.
Букурешт, 8 декември 2024 (МИА) – Романската тенисерка Симона Халеп зборуваше за тешкотиите со кои се соочува откако се врати на тенисот по деветмесечната суспензија поради допинг.
- Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам. Мислев дека знам што доживуваат играчите, знаев како треба да тренирам. Но, одеднаш ми стана тешко да се справам со емоциите пред натпреварите. Отсекогаш сум била нервозна пред натпреварите, но сега добивам непријатно чувство во стомакот. Бев летаргична за време на натпреварите. Немаше чекори кон топката или кон аглите. Како мојот мозок да не ги испраќаше вистинските сигнали до моите нозе. Секојдневно излегувам на терен и го правам истото како порано. Но, во натпреварот се се менува. Мојата главна цел е да победам на некои натпревари и да ја вратам самодовербата, изјави халеп.
По девет месеци дисквалификација, побарав да ми се врати рејтингот затоа што сега разбирам колку е тешко да се чека вајлд-карта. Сфатив дека Советот не сака да ме врати на рејтингот што го имав минатиот јули, а не сака ниту ВТА. Ова навистина ме вознемири, додаде Халеп.
Таа сезонава одигра пет натпревари, од кои само на еден победи. зс/
Фото: ЕПА