• сабота, 23 ноември 2024

Халеп: Конечната одлука за учество на УС Опен ќе ја донесам по турнирот во Прага

Халеп: Конечната одлука за учество на УС Опен ќе ја донесам по турнирот во Прага
Прага, 9 август 2020 (МИА) - Вториот рекет на светот Симона Халеп изјави дека ќе одлучи за своето учество на УС Опен по турнирот во Прага, кој започнува утре. - Јас дефинитивно ќе одлучам по овој турнир. Треба да чувствувам сè, да откривам какви промени ќе направат организаторите во однос на летовите и слично. Тогаш можам да донесам конечна одлука. Знам дека медицинскиот протокол е многу строг и создава малку стрес. Но, овие правила се за безбедност. Сега сите донесуваат одлуки засновани врз она што им е важно. За мене, здравјето е важно - не само физичко, туку и ментално. Не сакам да создадам непотребен стрес за себе. И конечната одлука ќе ја преземам врз основа на ова, изјави Халеп. Тенискиот Грен слем УС Опен започнува на 31 август. зс/

Остани поврзан