• сабота, 23 ноември 2024

Халеп доби забрана за настап на УС Опен поради допинг скандал

Халеп доби забрана за настап на УС Опен поради допинг скандал

Њујорк, 22 август 2023 (МИА) - Поранешниот светски рекет број 1 Симона Халеп е исклучена од списокот на учесници на УС Опен поради допинг скандал, објави „Daily Mail“.

 

На турнирот неа ќе ја замени 134-от светски рекет Американката Тејлор Таунсенд.

 

Триесет и едногодишната Романка е суспендиран од натпреварувањето поради допинг случај кој се води од октомври 2022 година.

 

На 29 јули започнаа рочиштата за случајот со допинг Халеп. Во октомври минатата година, Романката беше привремено суспендирана од натпреварувањето поради позитивен допинг тест што го помина за време на УС Опен. Во мај таа се соочи со уште едно обвинение за допинг. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан