Хакиран сајтот на Бигорски манастир на Инстаграм
- - Почитувани наши следбеници на социјалните мрежи, Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, стои во објавата на страната на манастирот на Фејсбук.

Дебар, 3 февруари 2025 ( МИА) - Сајтот на Бигорски манастир на Инстаграм синоќа е хакиран.
- Почитувани наши следбеници на социјалните мрежи, Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, стои во објавата на страната на манастирот на Фејсбук.
Во меѓувреме, се додава, ги преземаме сите законски мерки за негово востановување. вт/лв/
фото: МИА