• сабота, 21 декември 2024

Хакиран Европол

Хакиран Европол

Хаг, 12 мај 2024 (МИА) - Европската полициска агенција (Европол) потврди дека е хакирана и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе продадат украдени вредни доверливи податоци од истраги.

Хакирана е т.н. Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат безбедносните стручњаци за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминалот“.

- Европол е свесен за инцидентот и ја проценува ситуацијата. Првичните дејствија се веќе преземени. Инцидентот се однесува на затворената група корисници на Платформата ЕПЕ, изјавија од Европол за BleepingComputer, порталот кој прв ја објави оваа вест.

Од Европол поосчуваат дека ЕПЕ не обработува никакви оперативни информации, дека не влијае на основните системи на Европол и затоа ниту еден податок не е загрозен.

Податоци од Европол, агенцијата на Европската унија за спроведување на законот, протекоа во септември минатата година. За ова тогаш пишуваше Политико, наведувајќи дека исчезнале досиејата на неколку членови на персоналот на Европол.са/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан