• понеделник, 23 декември 2024

Хакерски напад врз Клиничко-болничкиот центар Загреб

Хакерски напад врз Клиничко-болничкиот центар Загреб

Загреб, 27 јуни 2024 (МИА) - Поради хакерски напад што се случил рано утрово, сите информациски системи во Клиничко-болничкиот центар Загреб се исклучени, но новонастанатата ситуација нема да ги загрози пациентите, соопштија од здравствената установа.

„Поради оваа причина бевме приморани да ги исклучиме сите системи заради дополнителни проверки и ќе ги вратиме во функција кога ќе се увериме во нивната исправност. Оваа ситуација нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, соопштија од установата, пренесува Хина.

Хакерскиот напад врз болницата се случи еден ден по ДДоС нападот врз неколку интернет страници на хрватски институции, меѓу кои и Министерството за финансии, Даночната управа, Хрватската народна банка и Загрепската берза, кои повторно проработеа синоќа околу 20 часот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан