• понеделник, 17 март 2025

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија ги одложи сите денешни натпревари во сите конкуренции поради големата трагедија во Кочани.

-Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија.
Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. 
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите, објави ФФМ.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан