• понеделник, 17 март 2025

Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Скопје, 16 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи.

- Ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници во пожарот и голема трагедија во текот на ноќта во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим.

Во овој тежок момент, на сите им изразуваме најискрено сочувство. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја.

Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се случат! – објави ФК Шкупи на социјалните мрежи. зс/

Фото: ФК Шкупи

Остани поврзан