• среда, 27 ноември 2024

Фудбалерите на „Брера Струмица“ ги промовираат убавните на градот

Фудбалерите на „Брера Струмица“ ги промовираат убавните на градот

Струмица, 18 октомври 2023 (МИА) - Струмичкиот фудбалски прволигаш „Брера Струмица“ започна кампања „Ние сме Брера Струмица“ за да направат симбиоза на фудбалот со убавините на градот, со струмичани кои се препознатливи како верни навивачи, но и подржувачи на спортот, соопштија денеска од клубот.

Првотимците-капитенот Марио Врдољак, Папе Оумар Сице, како и младите-голманот Марко Алчевски, но и Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица, кој преставува расадник на врвни спортисти, но и град кој изобилува со голем број значајни културно- историски споменици.

-Со овој чекор сакаме да дадеме наш придонес кон афирмација на градот и како туристичка дестинација, но и да ја презентираме на струмичани кои  го сакаат и даваат поддршка на фудбалот, но и спортот воопшто. Од таа причина, нашите фудбалери облечени во дресовите на клубот се фотографираа на повеќе значајни локации и преку семејството на „Брера“ имаме намера  да ги презентираме убавините на Струмица ширум Европа па и светот, стои во соопштението.

Со кампањата „Брера Струмица“ промовира повеќе значајни места во градот и споменици, но и плоштадот „Гоце Делчев“ каде е поставена ѕвездата на нивниот ментор, Горан Пандев. рт/аа/

Фото: Брера Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан