• понеделник, 19 август 2024

Фрлена експлозивна направа на улица „Козара“, настанал пожар

Фрлена експлозивна направа на улица „Козара“, настанал пожар

Скопје, 18 август 2024 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи - Скопје, вчера во 17.12 часот било пријавено дека на улица „Козара“, две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил изгаснат и нема повредени лица. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок - бомба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан