• сабота, 23 ноември 2024

Фредериксен ќе одбие доколку и биде предложено да го раководи НАТО

Фредериксен ќе одбие доколку и биде предложено да го раководи НАТО

Копенхаген, 22 февруари 2024 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен ќе одбие доколку и биде понудено да стане генерален секретар на НАТО, најави самата денеска на прес-конференција организирана за помошта за Украина, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска, Политико пренесе дека  американскиоот претседател Џо Бајден, но и британското Министерство за надворешни работи соопшти, дека ќе го поддржат поранешниот холандски премиер Марк Руте за наследник на Јенс Столтенберг на чело на Алијансата.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан